Advertisement
Несреќа на скопски булевар: Жена удрена од мотоцикл заврши во болница
67-годишна скопјанка се здобила со тешки повреди откако била прегазена од мотоциклист на еден скопски булевар.
– На 28.05.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.А.(26) од Скопје, удрил во пешакот Е.Д.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од полицијата.
Advertisement
Advertisement