Не една, шест елки има на Плоштад: Некој нека се оправда зошто трошел 300.000 евра за нешто што чини 30.000 евра!

news
Advertisement

Нема една, шест елки има на Плоштад, а не знам како никој досега не прашал како се давале по 3000.000 евра за украсување на градот, истакна во денешното гостување во Тешки муабети, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Advertisement

– Сега китењето чини 30.000 ерва, порано чинело 300.000 ерва. Треба да разбереме една работа, ние славиме Божиќ на 7 јануари, секоја година се кити во исто време. Јас еве им ветувам на граѓаните догодина ќе почнеме од септември да китие. Меѓутоа, во држава во која се се краде, му се цица крвта на народот, тоа не е тема, се товарат со хидроцентрали и тоа не е тема, туку елката на плоштад. Некој го боли оти утре нема да може да краде. За мене поважно е сите овие ранливи категории на кои им овозможуваме цела година да имаат топол оброк, да има каде да преспијат, купивме две возила кои со години не биле купени со кои се транспортираат лица со физички попречености.

И тоа не е важно, важна е елката. Секој ден одбирам да помогнеме на тие луѓе, наместо да имаме елка од 300.000 евра и пак имаме елка и не една, туку шест елки. Не мора знаеме кој човек да зема 300.000 ерва за китење, тоа е кум на Петре Шилегов.

Еве накитено е ама никој не ве покраде, само тешко ќе биде во днида да се оправдаат како нешто се прави со 30.000 евра, а тие го правеле со 300.000 евра, вели Арсовска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.