Овој домашен лек особено им се препорачува на пушачите
Во сезоната на настинки и вируси, тешко е да се борите со упорната кашлица која може да трае со недели. Доколку сте пробале сè и не сте го решиле проблемот, ви предлагаме лек кој Русите го користат со векови и кој ќе ви помогне темелно да ги исчистите белите дробови од насобраната слуз.
Акумулацијата на слуз и шлајм во белите дробови не само што е многу непријатна, туку во тешки случаи може да доведе до задушување.
Сепак, постојат домашни лекови кои ќе му помогнат на овој орган да се прочисти, а еден од најпопуларните го користат Русите.
Предноста на овој домашен лек е што ќе ви помогне да ги исчистите бронхиите, но е многу ефикасен и против непријатната кашлица кај пушачите.
Потребни состојки:
-1 лажица јаболков оцет
-мало парче корен од свеж ѓумбир (големина 6-8 мм)
-1 лажица кокосово масло
-1 лажичка мед
Начин на подготовка:
Ѓумбирот исечкајте го на парчиња и ставете го во чаша вода. Се вари и се остава да се излади напитокот. Додадете кокосово масло, јаболков оцет и мед. Испијте ја оваа количина одеднаш.
Домашниот лек за чистење на бронхиите и белите дробови пијте го секогаш кога ќе почувствувате дека имате потешкотии со дишењето.
Фото: freepik