,,НЕ МОЖЕ ДА СПИЕ, ИМА КОШМАРИ И СЛУША ВРИСОЦИ” – ЃОРЃЕ ДАВИД ПО НЕСРЕЌАТА МИНУВА НИЗ ПЕКОЛ: МУ ТРЕБА ПСИХИЈАТАР…

news
Advertisement

Рок-музичарот и член на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид доживеа сообраќајна несреќа во Македонија, по што една жена го загуби животот. Основното јавно обвинителство Куманово соопшти дека жената загинала во сообраќајна несреќа кај граничниот премин Табановце. Како што наведуваат, таа била прегазена откако излегла од автомобилот.

Advertisement

На Ѓорѓе Давид веднаш му биле извршени тестови на крвта и било утврдено дека не бил под дејство на алкохол или други опијати. Во овој верижен судир учествувале три автомобили.

Според извор близок до пејачот, тој тешко може да ја поднесе оваа ситуација. Од несреќата тој наводно не може да спие и му е потребна помош од психијатар.

– Ѓорѓе не е добро! Иако физички речиси целосно се опорави, психички воопшто не. Бара психијатар, не може да спие, слуша лелеци и врисоци, пред очи постојано му се сцени од несреќата. Не знаеме како ќе се опорави од ова, дефинитивно му треба психијатар – изјави изворот.

Рокерот моментално не може да ја напушти земјата и му се одземени документите, што дополнително влијае на неговата психа.

– На предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, на странски државјанин кој учествувал во тешка сообраќајна незгода кај Табановац изречени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патни и други исправи (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државата граница и е должен да се пријави во Судот – информираат од Државното обвинителство Скопје.

Потсетуваме дека по несреќата Ѓорѓе Давид потврди дека учествувал во сударот:

-Така е, се случи несреќа синоќа на 3 километри од македонската граница. Наводно, девојката и нејзиниот сопатник излегле од своето место и влегле на автопатот во спротивна насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетала на автомобил и директно се судрила во него. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговата сопатничка е полесно повредена. Девојката која возела автомобил и удрила во друг автомобил била згмечена, полесно повредена. Меѓутоа, нејзината сопатничка, за која велат дека наводно и’ е мајка, не била – изјави Ѓорѓе Давид за „Гранд“ ден по несреќата и додаде:

– По несреќата останаа на автопатот, едниот беше на левата лента, другиот на десната, а минута и пол потоа налетав на нив со брзина пропишана со знакот на автопатот и директно ги удрив. . Удрив сопатник кој се движеше по автопат со мојот автомобил. Беше магла, ги вклучив долгите светла и сè се случи за секунда. Налетав на таа личност која одеше по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки. Среќа што имав силен автомобил, инаку не знам што ќе ми се случеше – изјави рокерот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.