Познатата пејачка Јелена Розга наводно пред повеќе од една година ја обновила љубовната врска со 11 години помладиот Иван Хуљиќ.
Иван е син на познатиот хрватски музичар Тончи Хуљиќ. Тончи неодамна за српски „Блиц“ ги коментираше гласините дека неговиот син повторно е вљубен во Јелена.
– Не сакам да влегувам во креветот на мојот син. Го поддржувам ако е нивна среќа, ако не е вистина никому ништо – изјавил Тончи.
Иако се трудеше својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, познато е дека хрватските медиуми пред десетина години пишуваа дека Јелена и Иван биле повеќе од пријатели, но нивната романса тогаш завршила поради големата разлика во години.
Дека емоциите меѓу нив двајца не згаснале и по повеќе од една деценија, доказ е тоа што на љубовта и дадоа втора шанса и се позаљубени од било кога.
Jel moguće da se Rozga zabavlja sa 11 godina mlađim Ivanom Huljićem? #caosvima pic.twitter.com/W0FMIl7pue
— Nina Krunić (@nina_krunic) January 23, 2025
Иван и даваше поддршка на Јелена за време на нејзините неодамнешни концерти во во Белград во „Сава центар“, а според локалните медиуми и двете семејства се воодушевени од нивната врска.
Розга зборуваше за момчето: „Ме бакна…“
Јелена неодамна го спомна своето момче, не сакајќи да открива премногу детали:
-Тој беше вечерва на вториот концерт. Ме бакна и прегрна пред концертот и ми посака среќа, љубовта е најважна. Добив цвеќе од публиката, многу мечиња и сето тоа го носам во Сплит.
Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs