„Не се огласив 4 години, но сѐ си има граници“: Ова е првата изјава на Душко Тошиќ за разводот со Јелена

„Не се огласив 4 години, но сѐ си има граници“: Ова е првата изјава на Душко Тошиќ за разводот со Јелена

news
Advertisement

„Не се огласив 4 години, но сѐ си има граници“: Ова е првата изјава на Душко Тошиќ за разводот со Јелена

Advertisement

„Не се огласив 4 години, но се‘ си има граници“: Ова е првата изјава на Душко Тошиќ за разводот со Јелена

Поп-пејачката Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ и официјално се разведуваат. Карлеуша потпишала документи за заеднички развод за што денеска ги известила своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Документот го потпишала во друштво на нејзиниот адвокат Милан Атељевиќ, а Душко Тошиќ не се појавил, туку испратил овластено лице да го стори тоа наместо него.

Инаку, Тошиќ со години избегнуваше да дава изјави за врската со Јелена Карлеуша, а потоа, кога во мај годинава се појавија пораките на Јелена и нејзиниот адвокат за разводот, Тошиќ на Инстаграм напиша:

– Дај Боже конечно да решила да се разведеме спогодбено! – напиша Тошиќ, но не застана тука:

– Бидејќи гледам многу лаги од другата страна… 4 години не се огласив за мојот приватен живот, бидејќи мислам дека сум над секоја ситуација, но се‘ си има своја граница, мојата толеранција полека доаѓа до крај, па наскоро ќе ја дадам мојата детална верзија, но се плашам дека медиумите ќе мора да се занимаваат со тоа во следните две години – изјави Душко Тошиќ.

Advertisement