Чистењето на рерната и стаклото од нејзините врати е еден од најдосадните домашни работи.
Упорните маснотии и наслагите често не исчезнуваат без разлика колку и да триеме и кои хемиски средства ќе ги користиме.
Но, постои едноставен трик за кој ретко кој би помислил – маснотијата може да се исчисти со обичен брич!
Freepik
Како функционира методот?
Најпрво, површината на рерната треба да се испрска со средство за чистење по ваш избор. Оставете го да делува од 5 до 15 минути за да омекнат наслагите. Потоа, со ново и чисто сечиво за брич, нежно стружете ја нечистотијата со мали потези под благ агол. На крајот, избришете со влажна крпа.
На што да внимавате
-
Површината мора да биде подмачкана со средство за чистење за сечивото да лизга лесно.
-
Никогаш не користете агли од сечивото, за да не го оштетите стаклото или металот.
-
Бричот мора да биде нов и остар – најобичниот што чини неколку денари ќе заврши работа.
-
Не користете сила; трикот е во острината на сечивото, а не во притисокот.
Зошто е корисно?
Овој метод е евтин, брз и ефикасен. За разлика од скапите средства за чистење, бричот механички ја отстранува наслагата без дополнителни хемикалии.
Со малку трпение, вашата рерна и вратите ќе изгледаат како нови – речиси како штотуку да сте го донеле шпоретот од продавница.
Извор /Freepik