Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи освојувајќи апсолутно мнозинство

news
Advertisement

Воведувањето на гласање со отпечаток од прст наречен фингер принт, мислам дека донесе значаен квалитет на локалните избори и се надевам дека таа пракса на демократска организација на избори ќе продолжи и на овие парламентарни избори. Всушност ние на локалните избори забележавме колку сме биле крадени, да бидам директен, на претходните изборни циклуси затоа што, некаде околу педесетина илјади разлика видовме помеѓу она што сме го гледале на хартија и тоа што излезе на терен со отисокот од прст, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија Алсат-М, додавајќи дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада за спроведување на изборите, нема да ги речи сите проблеми, но ќе биде чекор плус кон фер и демократски избори.

Advertisement

Во однос на раководителите на секторите за Министерството за внатрешни работи, Николоски истакна дека тоа е еден значаен сегмент, ако не и најзначајниот, затоа што тука оперативно работи министерството на внатрешни работи, одлуката ќе се донесе во следните денови во консултација на сите релевантни структури.

Но, она што можам ексклузивно вечерва да го кажам за ова интервју, е дека во однос на секторот за внатрешни работи Тетово, кој што ги покрива општините Тетово, Гостивар и помалите општини кои што гравитираат околу овие две големи општини, техничкиот министер за внатрешни работи ќе има средба и консултација со градоначалникот на општина Тетово и ќе побара од него да даде негова сугестија и негов предлог за раководител, односно началник, како што официјално се вика, на секторот за внатрешни работи во Тетово. Така што, очекуваме началникот на сектор за внатрешни работи во Тетово да биде именуван во консултација со градоначалникот на општина Тетово и ова е во насока на фер и демократски избори, затоа што сметаме дека опозицијата која што се формираше околу политичките партии на Изет Меџити, на Африм Гаши и на Билал Касами заслужува да добие шанса за фер и демократски избори, особено имајќи предвид што се случува со нивниот предлог за член во Државната изборна комисија“, рече Николоски.

Во врска со евентуалниот заеднички настап на СДСМ и ДУИ на претстојните парламентарни избори и дали тоа го плаши ВМРО-ДПМНЕ, Николоски вели дека посакува тие да одат заедно на избори и нив заедно да ги поразиме.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.