Николоски: Кој стои позади клубовите за “пријателство“ и каква е улогата на Претседателот Пендаровски?

news
Advertisement

претседателот Пендаровски се среќавале со ова лице според негова сопствена изјава. Ова е сериозно рушење на уставно- правниот поредок на Македонија. Ако безбедносните служби не ги предупредиле Заев и Пендаровски за намерите на ова лице тоа е огромен скандал и пропуст и мора да се понесе одговорност. Ако пак безбедносните служби ги предупредиле Заев и Пендаровски и тие сепак решиле да се сретнат, тоа е кршење на правилата и потврда за анти-државната политика на државниот врв и целосната сервилност кон Бугарија која може да е проследена и со корупција. Нема друго логично образложение.

Advertisement

Загрижува што првиот човек на државата молчи околу овој скандал а должи многу одговори. На пример дали направил белешка од разговорот и ја предал на Агенцијата за разузнавање која е под негова надлежност и како што е редот? Или дали ставот на Пендаровски за Гоце Делчев со кој даде потврда и храна за цела бугарска пропаганда е можеби резултат на оваа средба и некакви лични интереси можеби и лукративни? Дали промената на ставот на Пендаровски околу т.н. француски предлог е исто така резултат на вакви влијанија? Се сеќавате прво беше против па наеднаш смени мислење. Исто така се поставува прашање дали преку наведеното лице дејствуваат безбедносните служби на Бугарија и дали на тој начин е компромитиран Претседателот на Македонија? И уште многу прашања на кои јавноста очекува одговор, а од кои Пендаровски бега и за кои молчи.

Чувањето на територијалниот интегритет на Македонија не е само работа на физичка заштита на границите, туку многу повеќе од тоа. Го знае ли тоа Пендаровски или интересите, а можеби и корупцијата го прават своето? Многу прашања, а малку одговори…

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.