Advertisement
За 650 евра и за две години добивате бугарски пасош и отворена врата за Европа. По социјалните мрежи врие од огласи во кои посредници од Македонија нудат бугарско државјанство и пасош.
Advertisement
Целата постапка оди преку нив, тие се добро упатени и имаат релации со бугарските институции. Во разговор со посредник во кој му се напомена дека имаме интерес за вадење на бугарски пасош, дознаваме дека сега постапката е поригорозна поради затегнатите односи на релација Скопје – Софија. Претходно, според неговото работно искуство како посредник, многумина со леснотија ваделе документи иако не ги исполнувале условите за да станат Бугари.
Advertisement