Ни на крај памет не ви е какви внатрешни борби водат: Хороскопски знаци кои ја саботираат сопствената среќа

Ни на крај памет не ви е какви внатрешни борби водат: Хороскопски знаци кои ја саботираат сопствената среќа

news
Advertisement

Ни на крај памет не ви е какви внатрешни борби водат: Хороскопски знаци кои ја саботираат сопствената среќа

Advertisement

Повлекување кога работите стануваат сериозни, сомневање во намерите на другите, преголема контрола, емоционално затворање или чувство дека не заслужуваат среќа – три хороскопски знаци најмногу се борат со овие внатрешни конфликти.

Шкорпија: Стравот од предавство е посилен од желбата за блискост

Иако изгледаат силно, страсно и интензивно, Шкорпиите водат тивка внатрешна битка помеѓу довербата и внимателноста. 

Штом емоционално се отворат, се појавува стравот: „Ами ако ме изневерат? Ами ако ја искористат мојата ранливост?“ И тука почнува самосаботажата.

Поради тој конфликт, може да станат сомничави, контролирачки или ладни – дури и кон личност што ја сакаат. 

Шкорпијата сака сè или ништо, но кога ќе почне премногу да анализира, сама ги руши мостовите што ги градела.

Девица: Совршенството како замка за чувствата

Девицата сака јасност, стабилност и контрола. Во љубовта често го бара „разумното“ и „одржливото“. 

Но кога чувствата стануваат непредвидливи, наместо да ги прифати, таа се обидува да ги анализира и да ги контролира.

Знае да стане премногу критична, и кон себе и кон партнерот. Кога нешто не оди според планот, се повлекува и се убедува дека „тоа не е за неа“. 

Девицата често предоцна сфаќа дека отфрлила нешто што требала да научи да го прифати.

Водолија: Слободата пред интимноста

Водолиите се еден од најоригиналните и интелектуални знаци, но во љубовта работите стануваат комплицирани. 

Тие толку ја ценат својата слобода, што емоционалната врска може да им изгледа како закана.

Извор: b92

Фото: Freepik

Advertisement