Новата подваријанта на омикрон БА.5 го има најчудниот симптом кој се појавува само навечер

news
Advertisement

Иако се чини дека коронавирусот е дамнешно минато, всушност, жртвите на оваа болест се сè уште секојдневие. Сепак, ситуацијата е далеку помалку алармантна отколку што беше случај во изминатите две години, но дефинитивно треба да се внимава на симптомите и навреме да се реагира доколку дојде до зараза со ковид.

Advertisement

Во моментов доминантна е една варијанта на сојот омикрон – наречена БA.5, а лекарите забележале дека се карактеризира со необичен симптом кој се појавува само навечер. Имено, станува збор за ноќното потење!

Сепак, кога станува збор за најчестите симптоми на подваријантата БA.5, тоа се воспаление, т. е. гребење во грлото и главоболка. Овие податоци ги изнесе на виделина професорот Тим ​​Спектор, кој ја создаде сега веќе добро познатата апликација за следење на симптомите на коронавирусот во Велика Британија – Зои Ковид.

„Болка во грлото, или какви било гребење и иритација во него, се еден од најраните симптоми на подваријантата омикрон БA.5“, се вели во апликацијата Зои Ковид.

Уште некои од симптомите типични за овој сој се:

– кашлица, но не сува, туку слузава
– засипнатост
– кивавица
– замор
– болки во мускулите
– течење на носот
– вртоглавица

Она што е исто така забележано кај оваа варијанта е дека постојат помали шанси заразениот да заболи од долг ковид.

„БА.5 има далеку помала веројатност да доведе до долг ковид, но се уште еден од 25 позитивни пациенти има симптоми подолго од четири недели“, посочува д-р Клер Стивс од Кралскиот колеџ во Лондон.

Исто така, истражувањата покажаа дека овој сој предизвикува поблаги форми на болеста, но во исто време е исклучително заразен, па лесно се пренесува дури и на оние кои пред само неколку недели веќе имале друг вид на омикрон.

Уште една во низата нови студии доаѓа од Империјал Колеџ во Лондон, а покажа дека луѓето со благи симптоми на ковид се заразни во просек околу пет дена.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.