Новинарка за 48 часа дозна дека ќе стане мајка и дека има рак: „Имав само еден симптом“

news
Advertisement

Шест години како лавица се бори со ракот

Advertisement

Приказната на новинарката Ели Халивел од Австралија докажува дека контролите и прегледите често значат живот. Имено, таа во 2016-та година отишла на рутински преглед кај лекар, а немала поим дека од тој ден животот нема да ѝ биде ист.

Отишла да земе лекарско уверение и преглед, бидејќи претходните денови имала стомачен вирус. Како што вели, таа и нејзиниот сопруг Ник разговарале за проширување на семејството, а таа решила истиот ден да оди на лекар за тестови на крвта.

– Навистина сакав да ги проверам нивоата на фолат. Резултатите покажаа дека имам високи тромбоцити, што не е невообичаено ако сте го имале вирусот. Мојот доктор не беше загрижен, но сепак направивме уште еден тест. Другиот тест покажа дека тромбоцитите се уште повисоки, па побара од специјалист да погледне. Освен што се чувствував уморна, за што мислев дека е поради работата, ништо не ме подготви за тоа што се случи потоа – изјави Ели, а пренесува „Дејлимејл“.

Ели мораше да чека дури пет недели за преглед кај специјалист и уште три недели за резултатите од понатамошното тестирање. Кога конечно пристигнаа, таа за прв пат ја слушна кратенката HML.

– Имам хронична миелоидна леукемија. Тоа влијае на крвта и коскената срцевина. Најчесто се дијагностицира кај мажи постари од 60 години. Не кај жени на моја возраст – објасни Ели.

Само два дена подоцна, Ели дознала дека е бремена.

– За 48 часа ги дознав најдобрите и најлошите вести што можете да ги слушнете во животот – раскажа оваа храбра жена.

Вообичаено е пациентите со ХМЛ да немаат никакви симптоми во раните фази на болеста, но Ели смета дека „заморот“ што таа го припишува на работата можеби бил ракот. Најдобар начин на лекување беше веднаш да се започне со орална хемотерапија, но не се знаеше какви ќе бидат ефектите врз нероденото дете.

Затоа, Ели, соочена со невозможниот избор да абортира или да се породи, решила да почека. Трпеливо чекаше и роди прекрасно момче.

Таа беше породена еден месец пред да биде крајниот тремин, бидејќи нејзините нивоа на маркери за леукемија се зголемија. Откако се роди нејзиниот син Тор, Ели одлучи да го одложи лекувањето за уште пет недели за да може да го дои бебето. Тогаш започна вистинската борба.

Во изминатите шест години, Ели отиде во ремисија, но болеста постојано се враќаше.

– Мислев дека ќе бидам еден од 50 проценти од луѓето кои на крајот би можеле да го прекинат лекувањето и да останат во ремисија, но за жал тоа не ми изгледа ветувачко. Гледам дека клетките на ракот се враќаат и сега правам тестови на крвта на секои две недели за да го следам напредокот, напиша Ели на Инстаграм во 2020-та година, додавајќи:

– Изненадена сум што чувствувам длабок срам поради ова. Срамота затоа што се чувствувам како да правам нешто што го уништува моето тело, и покрај тоа што се трудам да живеам што е можно поздрав живот.

Просечниот животен век на Австралијците со овој рак е три до пет години. Ели е веќе во шестата.

– Благодарна сум што овој лек се субвенционира во Австралија. Пијам по две таблети два пати на ден и морам да постам пред и потоа. Тоа до одреден степен влијае на мојот квалитет на живот, но секако е подобар од алтернативата – заклучува Ели.

Во моментов, Ели е во ремисија и нема откриени клетки од рак на крвта во нејзиното тело.

Извор: www.telegraf.rs

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.