Новинарот Фуркан Салију: Битиќи го направи тоа што одамна требаше да го направи секој политичар ДУИ, АА, БЕСА или ААА

news
Advertisement

Фатмир Битиќи го направи тоа што одамна требаше да го направи функционер на ДУИ, Алијанса за Албанците, Беса или Алтернатива.
Тенденцијата да се напаѓа се што е албанско во оваа држава мора да престане!
Прашањето беше маскирано како прашања за одреден политички субјект но тенденцијата и целта на Алфа е јасна веќе со години, откако ВМРО ДПМНЕ е во опозиција.
На Алфа одат прилози како овој каде што се навредува втората најголема етничка заедница во државата а за тоа никој не реагира иако има пријави до АВМУ и други релевантни институции.
На Алфа секој ден има прилози и емисии кои што зборуваат само за една тема… А тоа е дека државата ќе ја снема.
Е сега, на кого пред избори му одговара да има паника и страв кај граѓаните оценете сами.
Ни ја земаа државата… Каде ќе ја однесеме бе брат? Како да ти земам нешто што е мое и отсекогаш било?
Дали сакате Јасир Асани и Таулант Сефери да играат за Македонија или подобро е што ја носат Албанија на европско затоа што ако играа овде можеа да ‘’ни ја земат’’ репрезентацијата?
Мора да ја сопреме сите заедно пропагандата која што го портретира Албанецот како најголем непријател на државата! Тоа свесно се прави за да им се овозможи да крадат непречено.
Нема ништо поопасно за една држава од внатрешниот непријател. Кај нас тоа го нема затоа што ако го имаше немаше Албанските партии да се залагаат за интегрирање на државата во НАТО и ЕУ. Ние со сила сакаме да создадеме внатрешен непријател.
А на кого му одговора ние внатре да сме раскарани? Нема потреба од длабока анализа… Им одговара на оние кои што не ни го признаваа името, јазикот, црквата и тн.
Додека ние се тепаме на кого му припаѓа државата они веќе ја украдоа и ништо не остана за граѓаните.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.