Новиот Деловник „бомбардиран“ со околу 2.000 амандмани

news
Advertisement

Доколку опозициската Левица не ги повлече амандманите тешко дека ќе помине новиот Деловник за работа на Собранието чиј предлагач е Претседателот на парламентот Талат Џафери, а за текстот има консензус од власта и опозицијата.

Advertisement

За текстот на Деловникот најавени се нешто под 2.000 амандмани од кои на Левица се околу 1.850. Една од најголемите забелешки на оваа партија за новиот Деловник е дека се укинува филибастерингот, односно можноста за блокада на законските решенија бидејќи амандманската расправа за Законите во редовна постаока е ограничена на пет дена.

Џафери вчера во брифинг со новинарите рече дека околу 30 амандмани се усогласени и се надева дека Деловникот ќе помине. Но доколку претседателот на Собранието како предлагач не успее да ја разубеди Левица да ги повлече амандманите тешко дека новиот деловник ќе биде донесен.

Како што дознаваме, во тек се преговори помеѓу пратеникот на Левица, Борислав Крмов и Џафери, а комисиската расправа за Деловникот која беше закажана за 10 часот е одложена за 11 часот. Од Левица за „Слободен печат“ велат дека има расположение од двете старни да се прифатат нивните суштински аманадмани, односно не им е цел да го блокираат донесувањето на новиот Деловник. Сепак од партијата додаваат дека имаат црвени линии преку кои нема да поминат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.