Нови цени на горивата од полноќ

news
Advertisement

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 % во однос на одлуката од 27.3.2023 година.

Advertisement

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,285 %, кај дизелот намалување за 1,124%, кај екстра лесното масло намалување за 1,06% и кај мазутот има зголемување за 4,500%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,451%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,111 ден/кг и сега ќе изнесува 38,739 ден/кг.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.