Нови 30 дена притвор за осомничените во случајот со убиството на Вања и Панче

news
Advertisement

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината осомничените во случајот со убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски, потврдуваат од Обвинителството за 4NEWS.mk

Advertisement

Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се осомничени за грабнување и помагање на убиство и на Ѓорчевска и на Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тие од почетокот на декември се во притвор во Шутка.

Продолжен е и притворот за Стефан Димковски кој е осомничен дека му помогнал на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски Палчо да избега во Турција.

Вања беше грабната до влезот на нејзината зграда на 27 ноември. Истиот ден, според исказите на осомничените е убиена. Два и пол часа по нејзиното грабнување, односно околу десет часот е застрелана. Нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември во атарот на селото Бразда и Горно Оризари.

На ова му претходеше и грабнувањето и убиството на велешанецот Панче на 22 ноември. Неговиот автомобил Цитроен потоа е искористен за грабнувањето на Вања.

Првоосомничениот во случајот Палевски ја напушти државата на 30 ноември и кратко престојуваше во Белград. На 2 декември, осомничениот Димковски со возило Ленд Ровер го превезол Палевски преку Бугарија во Турција, каде по меѓународна потерница беше уапсен од тамошните власти во градот Баликесир.

Турското обвинителство во меѓувреме на Палевски му одреди привремен затвор во Казнено-поправна установа Беликсир.

Извор. https://4news.mk/novi-30-dena-pritvor-za-osomnichenite-vo-sluchajot-so-ubistvoto-na-vana-i-panche/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.