Ново покачување на минималната плата во Македонија

news
Advertisement

Од март ново зголемување на минималната плата. 22.500 денари е добра вест за граѓаните, но товар за стопанството.

Advertisement

Со оглед на последните информации од УЈП дека голем број од компаниите не можат да исплатат ниту ноемвриска плата, ова ќе биде уште еден удар.

Оваа одлука е дел од социјалниот дијалог помеѓу владата, работодавачите и синдикатите, кои постојано бараат начини и се обидуваат да ја подобрат положбата на работниците со најниски приходи.

„За да можеме реално да ги покачиме платите и да не биде тоа само во номинален, туку и во апсолутен износ затоа што ако растат трошоците исто така како што растат платите, куповната моќ не се зголемува туку останува иста, а може да се каже и помала. За да има вистински ефект од зголемувањето на платите ние мора да создадеме поголема вредност, односно да го зголемиме нашиот бруто домашен производ“, вели во разговор за МРТ, Гоце Симов, потпретседател на ССК.

Сегашниот износ на минималецот е 20.175 денари.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.