Нов напад во Сиднеј: Свештеник избоден со нож во текот на службата

news
Advertisement

Нов напад во Сиднеј: Свештеник избоден со нож во текот на служба, повредени најмалку четири лица.

Advertisement

Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во црква во западниот дел на Сиднеј.

Нападот се случил во црквата „Христос Добриот Пастир“ во Вејкли, додека свештеник водел богослужба, која била емитувана на интернет.

На местото на настанот излегле неколку екипи на полицијата и итната помош.

Меѓу повредените има четворица мажи, за кои се претпоставува дека се на возраст од 60, 50, 30 и 20 години. Меѓу ранетите е и свештеникот.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како напаѓачот му приоѓа на свештеникот и го прободува со нож, јавуваат австралиските медиуми. Снимката не е верификувана, а полицијата не потврдила дека се случил овој инцидент.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *