Нов треман за лекување рак: Може да го спречи напредувањето на болеста кај лица отпорни на имунотерапија

news
Advertisement

Лекарите открија нов третман за лекување рак може да го спречи напредувањето на болеста кај пациенти кои се отпорни на имунотерапија, пишува „The Guardian“.

3d illustration of a cancer cell and lymphocytes

Имунотерапијата го користи имунолошкиот систем за да ги таргетира и убие клетките на ракот и може да спаси животи кога другите опции за третман, како што се операција, радиотерапија или хемотерапија, не поминале успешно. Сепак, не може да им помогне на сите пациенти, а некои тумори може да еволуираат и да му се спротивстават.
Сега онколозите во Велика Британија открија двонасочен третман – имунотерапија во комбинација со
гуадецитабин, нов експериментален лек кој може да ја промени отпорноста на ракот на имунотерапија. Пациентите кои се очекувало да починат по исцрпувањето на сите опции за третман преживеале многу подолго, открија истажувачите.
Комбинацијата на пембролизумаб, лек за имунотерапија, и гуадецитабин, агенс за хипометилирање на ДНК го запреле развојот на ракот кај повеќе од една третина од пациентите во првата рана фаза од испитувањето. Резултатите се објавени во „Journal for ImmunoTherapy of Cancer“.
Ново оружје против неколку форми на рак
Двојната комбинација може да стане ефикасно ново оружје против неколку форми на рак, велат експертите од Институтот за истражување на ракот и фондацијата Ројал Марсден.
Пациентите кои биле вклучени во испитувањето од болницата Ројал Марсден и Универзитетскиот колеџ во Лондон, биле заболени со рак на белите дробови, дојката, простатата и дебелото црево.
„Мислам дека една од најважните работи во врска со ова испитување е тоа што користевме повеќе различни методи за да бараме промени во имунолошкиот систем, робусно покажувајќи дека тоа е под влијание на комбинираниот третман“, истакна главниот истражувач на студијата, проф. Јохан де Боно.
Де Бон, професор по експериментална медицина за рак на Институтот за истражување на ракот и консултант медицински онколог во Ројал Марсден, додаде: „Долгорочно се надеваме дека ако овие ефекти се потврдат во други групи пациенти и идни студии, гвадецитабин и пембролизумаб може да помогнат да се справиме со дел од отпорот на имунотерапијата што ја гледаме кај премногу видови на рак“.
Туморите можат да развијат отпорност
Студијата користела пембролизумаб и гуадецитабин за лекување на 34 пациенти со рак, од кои на 30 им биле анализирани туморите за имунолошка активност и прогресија на ракот. На секои три недели во текот на три години, тие примале инјекција гуадецитабин четири дена по ред – и пембролизумаб на првиот од тие денови.
Пембролизумаб е лек за инхибитор на имунолошкиот контролен пункт кој веќе се покажа успешен во лекувањето на низа видови на рак, вклучително и рак на белите дробови и на кожата. Сепак, туморите можат да развијат отпорност и некои пациенти кои првично имаат корист, на крај да им се влоши ситуацијата.
Нова надеж
Од 30 пациенти чија активност на рак била анализирана, кај 37% болеста била запрена на самиот почеток, без прогресија на туморот 24 недели или повеќе. Три петтини од групата (60%) биле отпорни на имунотерапија пред испитувањето. Од нив, речиси четири од 10 (39%) не се разболеле по земањето на оваа комбинација на лекови.

Новиот третман изгледа особено корисен за пациентите со рак на белите дробови. Од оние кои биле отпорни на имунотерапија, кај половината болеста била ставена под контрола за 24 недели или повеќе.
На Алисон Соуден (61) од Дорсет, Велика Британија пред четири години ѝ бил дијагностициран рак на белите дробови и лекарите ѝ кажале дека има уште една година живот, но таа почнала да прима пембролизумаб три години. Таа сега нема рак.
„Знам дека постои шанса мојот рак да се врати и да развие отпорност на лекувањето, па затоа е смирувачко да се знае дека истражувачите прават напори и имаат за цел да ја поништат отпорноста на ракот на имунотерапија“, рече таа. „Се надевам дека оваа нова експериментална комбинација на лекови на крајот ќе стигне до болниците и ќе им помогне на луѓето кои развиле отпорност на пембролизумаб“.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.