Пејачката Сека Алексиќ при своето последно интервју отчита лекција до најмладите кои имаат нереални очекувања од животот бидејќи сметаат дека се што ќе видат на социјалните мрежи е вистина.
– Нормално е детето три дена да носи тренерка на училиште и да ја извалка, па кога мама ќе ја испере се суши, па пак истата. Не е нормално да ја менувате вашата гардероба секој ден. Тоа, деца, не е нормално. Не е нормално, луѓе, да гледате јавни личности низ социјалните мрежи како рекламираат се и сешто, рекламираат прескапи производи, парфеми, шминка, скапи животи, Дубаи и така натаму – истакна Сека.
-Тоа не е нормално. Тоа не е вистински живот. Тоа е трик. Тоа е заблуда. Тоа е лага. Нормално е да си дома, да не си во Дубаи. Нормално е да се јаде грав два дена или полнети пиперки, или мусака, или сарма. Не е нормално секој ден во Дубаи на тераса да јадете кавијар, ракчиња, лигњи и слично и да го снимате морето – додаде Алексиќ.
– Тоа не е нормално. Тоа се лажни животи – заклучила пејачката.
Познатата пејачка Сека Алексиќ откри дека го фатила својот поранешен партнер во измама.
Инаку, Сека сега е среќно мажена за Вељко Пиљикиќ, со кој има два сина Јаков и Јован, а непознати детали од приватниот живот откри во подкаст со Анастасија Грујиќ.
– Еднаш открив дека ме изневерува и сам го открив – изјави тогаш пејачката и додаде:
– Копав, затоа што чувствував дека сум во право. Од него забележав дека нешто се случува и јас сум виновна што не го средив брзо. Го чувствував тоа и порано и сакав да раскинам со таа личност, но ете, чекав да го фатам сама., да имам црно на бело.
Како што изјави тогаш, веднаш ставила точка на таа врска, а потоа во животот и се појавил нејзиниот сопруг Вељко.