Обвинител намерно застарил 14 судски предмети

news
Advertisement

Обвинителството на Струга поднесе пријава против обвинителот Воислав Димовски од Охрид, за неодговорно работење, поточно намерно застарување на над 14 предмети. Во диспозитивот на обвинителниот акт доставен до судот, се наведува дека поранешниот обвинител ја злоупотребил службената должност со тоа што намерно оставил да застарат 14 предмети поврзани со кражба на струја, лажно сведочење, кражба и тешка кражба. Дејствијата за кои е осомничен Димовски се однесуваат на периодот 2013-2021 година.

Advertisement

„Со своето дејствие, обвинителот влијаеше на скратување на правата на странките (главно на оштетените) со тоа што ја оневозможил жалбата како елементарно право во текот на кривичната постапка“, велат од Јавно обвинителство.

Димовски преку реакција на социјалните мрежи кривичното гонење го оцени како политички мотивирано, директно обвинувајќи го актуелниот главен обвинител Љубомир Јовески.

„Очекувајте јавно да ве известам за мотивираниот и нарачан политички прогон против мене. Мило ми е што Јовески реши на овој начин да ги расчисти сметките со мене“, рече Воислав Димовски, поранешен обвинител во Охрид.

Димовски беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уставниот суд, но не успеа да го помине филтерот на Комисијата за избори и именувања. Предлог-обвинението до судот го достави Обвинителството на Струга, бидејќи обвинителството Охрид се откажа од кривично гонење поради судир на интереси и можност за пристрасност./Alsat.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.