О’Брајан: Од Мицкоски не би купил автомобил, а не пак да гласам за него

news
Advertisement

Во интервју за емисијата 360 степени, помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, запрашан за уставните измени, истакна дека станува збор за конкретен компромис кој е потребен за да се стигне до целта за влез во ЕУ и дека е важно Северна Македонија и соседите да наоѓаат начини за да се движат напред.

Advertisement

Во однос на ставот на Христијан Мицкоски, О’Брајан низ метафоричен, но крајно разбирлив пример објасни што мисли за неговото и за дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.

Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, вели американскиот висок државен функционер.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.