Објавено видео од кршењето на „Цар Борис Трети“ во Охрид

news
Advertisement

Утрово бугарската телевизија „БТВ“ објави видео од инцидентот во кој масикрани лица го демолираат бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид. Може да се забележат три лица како го кршат клубот со тврди предмети.

Advertisement

Вчера на официјалната страница на Клубот Цар Борис III – Охрид на Фејсбук осамнаа фотографии од демолираниот објект. Инцидентот се случил во 2 часот по полноќ. Искршени се стаклата на влезот на просториите.

Бугарското Mинистерство за надворешни работи (МНР) го осудува оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети” во Охрид кое се случило ноќеска.

„Таквите постапки намерно ги попречуваат напорите за воспоставување пријателство, добрососедство и соработка како водечки принципи во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија (РСМ)“, соопштија од МНР на Бугарија.

 

https://fb.watch/gYkkb5UXXO/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.