Advertisement
Некои од нашите репрезентативци имаат тетоважи на телото, а трендот е многу присутен и кај светските фудбалери.
Advertisement
Сепак, еден од најголемите играчи во светот на фудбалот нема ниту една тетоважа на своето тело. Кристијано Роналдо изјави дека нема ништо против тетоважите, но тој нема од многу специфична причина. „Немам тетоважи бидејќи на тој начин можам почесто да донирам крв“, изјави тој за Дирета.
Имено, сите оние кои се тетовираат мора да чекаат неколку месеци по тетоважата за да даруваат крв. Познато е дека португалскиот фудбалер е крводарител и често на социјалните мрежи промовира крводарување.
Advertisement