Периодот го обележуваат прослави на матурски вечери. Овој радосен чин за матурантите и нивните семејства, многумина јавни личности го споделуваат со својата публика.
Вчерашниот ден беше радосен за семејствата на двајца македонски политичари кои во ист ден организираа прослава на матурската вечер за своите деца. Премиерот, Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, со емотивни обраќања и честитки ги стоплија срцата на јавноста, а честитки пристигнуваа од сите страни.
Премиерот Мицкоси му порача на својот син дека од октомври се гледаат во студентските клупи на Машински факултет каде Мицкоси беше редовен професор пред преземање на функцијата.
Извор: Фејсбук
„Синко среќна матура и добредојде во новото поглавје преполно со предизвици. Секогаш со свои сили минувај низ сите препреки, нема да е лесно, ќе биде тешко, но сигурен сум дека ќе ги совладуваш. Од Октомври се гледаме на Машински!“ – стои во честитката на премиерот упатена до неговиот син.
Од друга страна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски накусо му го честиташе овој посебен и радосен ден на својот син.
Среќна матура синко, жив, здрав и успешен, напиша тој во неговата честитка наменета за син му.
Од јавноста пристигнуваа реакции во голем број, честитки и желби за поголеми успеси во иднина.