Голем број на концерти на популарни музичари од забавната и од фолк сцената ќе бидат потпомогнати со државни пари.
Министерството за култура ги објави резулатите од Конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес од културата за 2026 година, а во областа на музичката и на музичко-сценската дејност има и доста звучни имиња.
Вкупната сума одвоена за поддршка на проектите од оваа категорија изнесува 19.864.500 денари, односно околу 323.000 евра.
За концерт на Тамара Тодевска, министерството дало поддршка од 205.000 денари, за концерт на Сузана Спасовска – 220.000 денари, на групата „Нокаут“ ѝ се одобрени 200.000 денари, а толку пари се одвоени и за концертите на „Меморија“, „Силви бенд“, Слаткаристика, Влатко Лозаноски и „Фолтин“. На списокот е и Калиопи за која министерството одвоило 215.000 денари, а за проектот „Македонијо, во срце те носиме“ – 300.000 денари, информира порталот „Викимедиа“.
Покрај овие популарни изведувачи, министерството одвоило средства и за уметници од класична, симфонсика, камерна, џез, староградска и етно музика.