Од денеска забрана за движење низ шуми, национални паркови и заштитени подрачја – Македонија во портокалова фаза

news
Advertisement

Македонија и во наредните денови ќе остане портокалова фаза, поради високите температири од над 40 степени, кои ќе траат во наредните десет дена, сè до 25 јули. Остануваат да важат препораките за најранливите категории. Бремените жени и лицата над 60 години се ослободени од работа, а децата во градинките не смеат да се надвор од 11 до 17 часот. Од денеска важи и забраната за движење низ шумите, односно низ националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно, каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

Advertisement

Високите температури влијаат не само на хронично болните, туку и на здравите луѓе кои се жалат на проблеми со крвниот притисот. Телефоните во диспечерската служба на Итната помош примаат различни повици, а имаат три до шест интервенции во смена, велат од оваа здравствена установа.

Обајснуваат дека најчесто се работи за низок крвен притисок како резултат на препотување, губење течности од организмот и од поголема изложеност на надворешната температура. Докторите апелираат до граѓаните на топлото време да не излегуваат од дома без вистинска потреба , но и да внимаваат при употребата на клима уредите зашто врз крвниот притисок негативно влијаат поради наглите температурни разлики.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.