Од Здравство со нов повик до Обвинителството – откријте ги имињата на криминалците на Онкологија

news
Advertisement

Кој тргувал со цитостатици и кој ги загрозил животите на најтешките пациенти?! Ова прашање досега не е одговорено и сѐ уште нема ниту осомничени лица. Министерот за здравство денес повторно ги прозва истражните органи да се произнесат, по повеќемесечната истрага.

Advertisement

Товарот на Клиниката за онкологија е преголем, признаваат здравствените власти. Наплив на пациенти, преполна амбуланта, но и загубена доверба по скандалот кој ја потресе јавноста. Тоа бара реорганизација, болници во другите градови да преземат дел од пациентите и оддели да се отворат онаму каде што ги немало досега.

Истрагата сѐ уште е во тек, а од опозицијата постојано се јавуваат со критики за случајот, но и менаџирањето на системот. Вчера на собраниската седница на Комисијата за финансирање и буџет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ критикуваа дека е одбиен амандман за 20 милиони денари со намена за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.