Од утре градски превоз ќе има, изгласани се субвенциите за ЈСП

news
Advertisement

Од утре превозот на ЈСП ќе се нормализира. Со 25 гласови “ЗА“ советот на Град Скопје на повторената вондредна седница донесе одлука со која се одобруваат субвенциите за ЈСП во вредност од 11 милиони евра.

Advertisement

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на оваа повторена седница преку амандмани се обидоа да ги намалат овие средства за речиси една третина но тоа не беше прифатено од останатите советници и за градоначалничката Арсовска која кажа дека на овој начин пари за претпријатието ќе има само за неколку месеци а дополнителен проблем е што се влегува во предизборен период каде советот ќе нема можност да доделува пари.

Кризата со превозот настана откако советот на Град Скопје одби да ги гласа субвенциите кои дополнително ги побара градоначалничката Арсовска. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за оваа одлука од причина како што тие велеа дека веќе гласале пред само неколку месеци за субвенции да може ова јавно претпријатие да функционира.

Од ВМРО-ДПМНЕ за време на седницата на совет посочуваа дека до сега немаат добиено никаков отчет каде се потрошени речиси 700 милиони денари од страна на директорот на ЈСП или од градоначалничката.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.