ОНКОЛОГИЈА, КОЈ ПРОДАВА МАГЛА? Д-р Вело Марковски за мега скандалот

news
Advertisement

Докторот Вело Марковски на својот Фејсбук профил го напиша своето мислење за случајот со Онкологија.

Advertisement

„ Кој продава магла?

Случајот онкологија ја пресликува состојбата во Државата

Овој месец е во знак на таканаречениот „мега скандал“ и случајот со крадење на биолошка терапија. Се изредија политичари со згрозувања и зачуденост како тоа може да се случи, се изнаредија доктори да кажат колку се срамуваат што се се дел од докторската фела, се јавија и партиите да ја дозамаглат состојбата. Власта побрза да каже дека е ова повеќедецениски проблем иако биолошката терапија за лекување метастатски карциноми кај нас е воведена во 2019 година. Опозицијата, обвини дека КАТО системот е виновен, истиот тој кој е набавен за 350 илјади евра, непосредно пред промената на власта…Се сатанизира целиот здравствен систем, новинарите заклучија дека нема никогаш да се врати довербата во лекарите. Дури и Претседателот на државата изјави дека е згрозен, и дека е крајно време да покажеме дека можеме да се справуваме со криминал (до случајот со онкологија изгледа не беше крајно време, можеше да има криминал, ама после ова никако).

Тешко да си вработен на онкологија. Ставен си на зидот на срамот и затоа што за доручек си јадел бурек. И сето тоа затоа што медицинска сестра крадела од скапата терапија. Има ли институција каде што некој од вработените не се огрешил спрема законот или не крадел, или не злоупотребил службена положба. Досега не видов дека цела професија е вака јавно нападната како лекарската (иако секогаш има оградувања дека виновникот има име). Сепак јасни се јавните довикувања дека веќе непостои доверба во лекарите и медицинската професија“, напиша тој.

Извор: https://faktor.mk/onkologija-koj-prodava-magla-d-r-velo-markovski-za-mega-skandalot

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.