Опасен тик-ток предизвик: Тинејџери легнуваат на сред улица и се натпреваруваат кој повеќе ќе издржи

news
Advertisement

Родители на тинејџери од Скопје на социјалните мрежи реагираат дека меѓу децата се појавил нов застрашувачки „тик-ток“ предизвик, јавува Телевизија „Телма“. Според информациите, во овој „предизвик“, децата легнуваат на улица и се предизвикуваат меѓусебе кој ќе издржи што е можно подолго до доаѓањето на некое возило.

Advertisement

Психијатарот Митова, вели дека новите генерации се во заложништво на социјалните мрежи и истакна дека мора да постојат критериуми во селективноста за тоа се предностите а што негативните страни на социјалните мрежи.

„Најмногу загрижува огромното влијание што го имаат социјалните мрежи врз менталното здравје на младите. Од тука се сите ситуации на кои сведочиме, бидејќи влијанието на тие мрежи не е нималку наивна компонента, за која мора да кажам дека ние помалку наивно пристапуваме во сериозноста на овој проблем“, изјави Д-р Митова за Телма.

Таа додава дека е време да се премине во акција за да се превенираат ваквите „предизвици“ во иднина, а одговорноста ја лоцира кај родителите но и кај целокупното општество.

„За родителите е многу важно да разговараат со своите деца, од друга страна пак, општеството јасно и гласно да воочи за важноста на едукацијата и на родителите и на нивните деца што значат и какво влијание имаат социјалните мрежи. Во конкретниов случај со „Тик Ток“ веројатно, но и „Инстаграм“, „Фејсбук“. Какво е влијанието врз менталното здравје и какви последици може да има“, вели Д-р Митова.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.