Ослободени двајца заложници, загинаа најмалку 60 лица – израелски рации и напад врз Рафа

news
Advertisement

Израелската армија соопшти дека ослободила двајца заложници во рација на нејзините специјални сили синоќа во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Заложниците биле однесени во болницата Шеба, во централниот дел на Израел, каде што биле прегледани и било утврдено дека се во добра состојба.

Advertisement

Според „Си-Ен-Ен“, двајцата заложници биле киднапирани од кибуцот Нир Јицак на 7 октомври за време на терористичкиот напад на Хамас во јужен Израел. Исламистичките милитанти тогаш убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, а околу 240 беа киднапирани и одведени во Газа.

Најмалку 60 луѓе загинаа во синоќешното израелско гранатирање на Рафа, град кој се наоѓа на југот од Појасот Газа и во близина на границата со Египет.

Во последните месеци, во Рафа се засолнија мнозинството палестински бегалци раселени од израелското бомбардирање на северниот дел на Појасот Газа, во кој моментално живеат 1,4 милиони луѓе, според проценките на Обединетите нации.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.