Османи: Ејупи е вработена во МНР по преземање од Министерството за политички систем

news
Advertisement

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да каже дали 28-годишната ТВ презентерка Бесмира Ејупи е вработена во МНР.

Advertisement

Османи попладнево на брифинг со новинарите потврди дека тв презентерката Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи.

– Во текот на годината од Министерството за политички систем се преземени вкупно 13 соработници, вклучувајќи и личноста која што ја спомнувате. Дел од нив во рамки на систематизацијата преку К5 програмата, дел преку директна спогодба. Делумно е точна информацијата, но на позиција соработник во протокол, што е почетна позиција во МНР. Во моментов имаме огласи за 16 нови соработници, кој што е во тек и сите кои што сакаат да работат во дипломатијата, можат тоа да го направат, рече Османи на прес-конференција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.