Османи: Мислам дека нема дилема дека ОБСЕ треба да постои

news
Advertisement

Ниту САД ниту Русија немаат дилема дали ОБСЕ треба да постои, но оваа година ќе треба дипломатска вештина за организацијата да остане жива.

Advertisement

Ваков одговор даде шефот на дипломатијата Османи на прашање на телевизија 24 – Дали најголем предизвик за македонската дипломатија со претседавањето на ОБСЕ оваа година, ќе биде да ја оддржи организацијата во целина.

Османи потврди дека пред две недели добил писмо од првиот руски дипломат Сергеј Лавров со порака – македонското претседавање да не се движи по стапките на Полска, но неговиот одговор бил јасен – нема да дозволи компромис со основните принципи на организацијата.

– Знам дека претседаваме во услови кога се покренуваат тн егзистенцијални дилеми – дали ОБСЕ треба да постои или не. Мислам дека нема таква дилема дали ОБСЕ треба да постои. И САД и Русија и Азербејџан и Ерменија сметаат дека ОБСЕ треба да постои. Сега ќе треба вештина, ќе треба дипломатија, ќе треба активност како сите тие ставови различни да се претворат во одлуки кои ќе бидат важни за оддржување на организацијата жива. – изјави Османи.

Во ОБСЕ во моментот врие, последната членка која претседаваше пред Македонија – Полска, не успеа да донесе консензус ниту за буцетот, а нема компромис дури ниту која земја после нашето претседавање, ќе ја преземе палаката и ќе застане на чело на ОБСЕ. Нарушените односи меѓу САД и Русија и војната во Украина целосно го парализираат функционирањето на организацијата, а нема ниту консензус за враќање на трупите на ОБСЕ во Украина , само поради тоа што и Москава треба да крене рака за консенус.

Македонија пак доби две покани во едно, украинскиот МНР Кулеба и премиерот Шмихал побараа поддршка, а Османи најави дека на средината од месец јануари ќе ја посети Украина.

За претседавањето со ОБСЕ, во буџетот се предвидени пет милиони евра, а Османи вели дека ќе се обидат трошоците да бидат минимални. Најголем е трошокот за министерскиот состанок на ОБСЕ или најголемата конференција некогаш оддржана во Макеоднија – кога ќе дојдат сите министри за надворешни работи на членките на ОБСЕ меѓу кои и на САД и Русија.

Една од тешкотиите е и како да се најдат 70-ина ВИП-возила што ги исполнуваат стандардите. Потврди дека е склучен договор со Агенцијата „Рејтинг“на 100илјади евра , која ќе треба да помага во организација. Во Виена пак има тим од 11 луѓе од МНР , а дополнително е засилен тимот и со странски експерти , кои пак ги финансираат членките на ОБСЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.