Османи најавува борба против корупцијата следниве години

news
Advertisement

Дали се тоа механизмите на внесување во црни листи, како што се случуваше во регионот или други јавни именувања или пак други начини на поддршка… Еве само што го почнавме Стратешкиот дијалог, Соединетите американски држави додадоа над четири милиони евра токму во делот на антикорупциските политики“, рече Бујар Османи – министерот за надворешни работи.

Advertisement

Според него, земјава има проблем со корупцијата на сите можни нивоа и антикорупциската политика ќе биде доминантна во претстојниот период. Османи вели дека државата сега може да се гради како вистинска демократска земја со примарен фокус на антикорупцијата, бидејќи претходно вниманието требало да се насочува на меѓуетнички тензии, евро-атлантски интеграции и други предизвици.

„Зошто сега во изјавите на нашите партнери само за тоа се зборува? Затоа што нема други прашања за коишто треба да се зборува и затоа велам дека треба да ја искористиме оваа можност, сите сили што ги имаме, веќе ослободени од други предизвици, да ги концентрираме да ја исчистиме државата од корупција“, додаде тој.

Амбасадорката Агелер која само еден месец е американски амбасадор во земјава, веќе неколкупати го потенцираше проблемот со корупцијата. Но претходно, овој проблем беше постојано нагласуван од граѓаните, а беше нотиран и во европските извештаи и од страна на меѓународните организации кои ја мерат стапката на корупција./Alsat.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.