Османи од Тунис: Итна потреба за преговори со цел враќање на мирот во Украина

news
Advertisement

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати на 43. сесија на министерската конференција на франкофонијата, која се одржува во Џерба, Тунис.

Advertisement

Пред своите колеги од земјите членки на Меѓународната организација на франкофонијата Османи реафирмира дека Северна Македонија ја осудува руската инвазија врз Украина, која претставува закана за мирот и меѓународниот поредок втемелен врз меѓународното право.

„Северна Македонија најостро ги осудува нарушувањето на демократијата, актите на тероризам, агресијата и сите форми на кршење на човековите права и принципите на Повелбата на Меѓународната организација на франкофонијата, како и Повелбата на Обединетите нации“, истакна Османи.

Министерот рече дека промоцијата на мирот и човековите права се врвен приоритет на земјата, особено поради фактот што набргу ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработка на Европа.makfax

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.