Официјален Израел со порака –Иран ќе се соочи со последици по саботниот воздушен напад

news
Advertisement

Иран ќе се соочи со последици по саботниот воздушен напад, предупреди началникот на израелската војска. Генерал полковник Херзи Халеви порача дека неговата земја прави внимателна проценка на ситуацијата и соодветно ќе одбере момент за одмазда. Израелски дипломатски извори, пак, нагласуваат дека имаат право на реакција која треба да даде до знаење на официјален Техеран дека не смее да повтори тоа.

Advertisement

Премиерот Бенјамин Нетанхају, кој се наоѓа под голем притисок дома и однадвор, денеска посети млади војници во регрутен центар на израелската армија. Во мотивациското обраќање пред нив порача дека нема да отстапи во намерата за победа и одбрана на Израел.

На пораките од Израел дојде одговор од иранскиот претседател Ебрахим Раиси. Тој предупреди дека „најмала акција на Израел“ против „интересите на Иран“ ќе наиде на остар одговор на неговата земја кој ќе биде брз, болен и за кој нема да се чека 12 дена. Како што се наведува во соопштението, а повикувајќи се на „правото на самоодбрана“, Иран викендот гаѓал одредени цели кои биле мапирани како центри од кои бил организиран ударот во главниот град на Сирија.

„Сега цврсто изјавуваме дека најмала акција против интересите на Иран, ќе доведе до остар, продолжен и болен одговор против сите сторители“, порача претседателот на Иран, Ебрахим Раиси.

Иранскиот напад во саботата дојде како одговор на израелското ракетирање на иранската конзуларна зграда во Дамаск. Притоа загинаа седум лица меѓу кои и двајца високи команданти на Иранската револуционерна гарда. Тоа беше прв директен напад на Иран врз Израел покрај децениското непријателство меѓу двете земји кое датира од Исламската револуција во 1979 година.

Сашко Димовски

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.