Во акцијата „Синџир“ која се спроведува од раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид, опфатени се 26 физички и 28 правни лица кои се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување и за перење пари.
Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека при извршените претреси обезбедена е дополнителна документација која ќе биде предмет на обработка.
Приведени се 20 осомничени лица од Неготино, Кавадарци, Битола, Охрид и Скопје, а шест лица се недостапни на органите на прогонот.
-Врз основа на досегашните предистражни дејствија и доставената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.
Извор: https://biznisvesti.mk/ojo-gokk-so-sindhir-opfateni-26-fizichki-i-28-pravni-litsa/