ПАДНАЛ ОД ЗГРАДА: Тешка несреќа попладнево во центарот на Скопје – едно лице се бори за живот

ПАДНАЛ ОД ЗГРАДА: Тешка несреќа попладнево во центарот на Скопје – едно лице се бори за живот

news
Advertisement

Advertisement

Попладнево работник паднал од зграда на просторот на поранешната фабрика „Треска“ во Скопје додека работел на неа, објави порталот СДК.мк. За порталот настанот го потврдило Министерството за внатрешни работи. „Попладнево околу 16.30 часот пријавено е дека работник падна од градилиште на зграда во градба во фабриката „Треска“. Екипи на СВР Скопје извршиле увид, а лицето со екипа на Брза помош е пренесено на Ургентен центар. Според информациите од таму работникот се наоѓа во животно загрозувачка состојба“, информирале од Министерството за внатрешни работи.

Advertisement