Пазарот скап, купувачи малку, производите во канта

news
Advertisement

Високите цени на производите и ниските примања на граѓаните секој ден сè повеќе влијаат на намалувањето на куповната моќ на најголемиот зелен пазар во земјава, скопски Бит Пазар. Граѓаните се заинтересирани, но не можат да се снабдат со сите потребни производи. Велат дека од ден на ден го скратуваат списокот кој го носат со себе.

Advertisement

„Што да се купи, се немаат пари, продавачите не даваат без пари. Цените се високи, со 12 илјади денари како да живееме во денешно време. На пример, киселите краставички се 60 до 80 денари, не правевме зимница. Што да правиме, еве 150 денари праз, ни пита не можете да направите“, вели еден купувач.

„Цените се високи за наш стандард, сега е време за кисели краставички, нема доволно, тоа што го има, не е квалитетно. Само пиперки купив за зимница, цените на пиперките за ајвар се 100 денари за килограм“, додаваат купувачите.

Не се задоволни ни продавачите. Производите им остануваат непродадени со денови и се расипуваат.

„Оваа стока ја имам од вчера, нема продажба воопшто, цените не се многу високи, но буџетот на населението е многу мал, 70 денари килограм пиперки, нема како да се купат, тука треба да мисли и државата, треба да мисли за народот. Со 5.000 денари социјална помош што ќе прави, да пие лекови, да плати струја или да купи нешто да јаде или сака да направи зимница. Исклучително е слабо во споредба со претходните години“, вели една продавачка.

„Цените не се евтини, високи се, луѓето немаат пари да купат, разликата од лани е многу голема, има помала продажба бидејќи цените се повисоки, платите се лоши… Секако дека имаме загуба, ако овој производ не се продаде во рок од два дена, мора да се фрли, не може да издржи повеќе од два дена“, додаваат продавачите.

Граѓаните веќе подолго време се соочуваат со високи цени, а месечно на едно четиричлено семејство му се потребни околу 50 илјади денари за подмирување на тековните трошоци во домаќинството.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.