Папата Франциск не планира повлекување од должноста

news
Advertisement

Актуелниот 87-годишен папа е изнемоштен во последниве години, користи инвалидска количка или бастун за да оди, а неодамна страдаше и од напади на бронхитис или настинки кои му го ограничија јавното говорење.

Advertisement

Папата Франциск нема намера да се повлече од должноста бидејќи верува дека неговото здравје е доволно добро за да продолжи да ја извршува функцијата, наведува самиот во новата книга, чии делови денеска ги објави италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

„Повлекувањето е далечна хипотеза, немам доволно сериозни причини да размислувам за откажување од службата“, ја цитира весникот книгата на папата „Живот: Мојата приказна низ историјата“, што треба да биде објавена на италијански и англиски јазик на 19 март.

Актуелниот 87-годишен папа е изнемоштен во последниве години, користи инвалидска количка или бастун за да оди, а неодамна страдаше и од напади на бронхитис или настинки кои му го ограничија јавното говорење.

Во книгата, меѓутоа, тој ја смирува загриженоста на јавноста за неговата состојба.

„Фала му на Господа, уживам во добро здравје и ако даде Господ има уште многу проекти за реализација“,наведува тој, повторувајќи дека ќе размисли за повлекување од должноста само во случај на сериозен телесен инвалидитет.

Папата повторно ја бранеше својата неодамнешна одлука да им дозволи на свештениците да благословуваат истополови парови, велејќи дека должност на Католичката црква е да им посака добредојде на сите и дека „Бог ги сака сите, а особено грешниците“.

Истовремено, одлуката не имплицира никаква промена во католичката доктрина, која ги признава само хетеросексуалните бракови, а ако некои бискупи не сакаат да благословуваат истополови лица, тоа нема да доведе до раскол, додаде папата Франциск.

На друго место во книгата, тој ја обнови својата осуда на абортусот и сурогат родителството и додаде дека неговиот фокус на сиромашните и маргинализираните не го прави комунист или марксист.

Неговиот претходник Бенедикт XVI. беше првиот папа што абдицира по приближно 600 години, а како причина беше наведена староста. Папата Бенедикт Шеснаесети абдицираше во февруари 2013 година, на 85-годишна возраст, а почина на последниот ден од 2022 година. (МИА)

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.