Пари дадени, работа незавршена: маж измамен за 43.000 евра

News

Маж на возраст од 45 години пријавил дека бил измамен за сума од 43.000 евра, откако ангажирал лице за извршување градежни работи, а работата останала недовршена.

Според пријавата поднесена на 29 декември 2025 година во 17:00 часот, договорот бил склучен во октомври годинава со лицето Б.Р. од село Сарај, скопско, кое требало да изврши градежни зафати на семејни објекти во Македонски Брод и околните села.

Во неколку наврати оштетениот ја исплатил договорената сума, но по последната уплата, лицето престанало да одговара на повици, избегнувало контакт и не ги завршило договорените работи, ниту ги вратило парите.

По согледување на ситуацијата, оштетениот пријавил дека станува збор за измама.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *