Парче леб и сол на новогодишната трпеза – денеска штипските пензионери повторно на протест

news
Advertisement

И додека некои ќе ја дочекаат 2024та со полна трпеза и желби за уште поубава Нова година, за штипските пензионери останува единствената желба од годината што изминува, линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, порачаа денеска од плоштадот “Слобода” во Штип, притоа со илустрација каква ќе биде скромната трпеза на пензионерите за Нова година, бидејќи, по долги години пензиите ќе им се исплатат на втори јануари, а не пред новогодишните празници.

Advertisement

Откако во четвртокот беше исплатена првата транша од деветтиот антикризен пакет, меѓу кои и финансиската поддршка за пензионерите со ниски примања, Арсовска на денешниот протест на штипските пензионери истакна дека премногу задоцниле со исплатата.

Пензионерите порачаа дека со протестите ќе продолжат и во следната година за линеарно зголемување на пензиите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.