Пар за да го откријат полот на бебето ангажирал танчерки на шипка

news
Advertisement

Забавите за откривање на полот на неродените деца станаа тема на разговор. Луѓето организираат огномети и концерти за семејството и пријателите, а потоа им откриваат дали детето што го очекуваат ќе биде момче или девојче. Но, дали некогаш сте виделе откривање на полот со танц на шипка?
Оваа недела, видеото од две танчерки на шипка на забава за откривање на полот на бебето стана вирално на TikTok. Едната е облечена во розово, другата во сино. Кристина Скарлевски, која за време на забавата дознала дека ќе роди момче, за Insider изјавила дека тоа бил магичен момент. Идната мајка веќе седум години и самата танцува на шипка. Во 2017. година се вратила од Грција во родната Молдавија и таму отворила своја школа за танц.
„Почнав со тројца луѓе, а сега веќе имам две училишта и продолжувам да го развивам бизнисот“, рекла таа.
За нејзината забава за откривање на полот, таа сакала нешто повеќе од розови и сини балони. Учениците од нејзиното училиште тогаш и предложиле танцова точка, а таа била воодушевена од идејата.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.