Пациенти со недели чекаат резултати од Радиологија

news
Advertisement

Во наредните три месеци нема термини за лекари на Институтот за Радиологија. Иако Мој термин покажува дека на магнетна резонанца може да ве снимаат задутре или за 14 дена, ќе чекате неколку недели за да ви ги дадат резултатите. Овој проблем години наназад го посочуваат голем број пациенти. Не само за магнет, долго се чека за да ви исчитаат и комјутерска томографија.

Advertisement

– На 29 декември ме снимаа на компјутер и ми рекоа резулаттите за 10 дена, еве дојдов денеска е 15-ти јануари уште не се готови резултатите, ќе чекам, ако ги дочекам, вели пациентка.

Директорката на Радиологија признава дека долго се чека за резултати, но вели дека со капацитетите со кои располагале го давале максимумот. Имале нови вработувања, но не биле доекипирани. Таа посочи дека термините за магнет се злоупотребувале и од страна на лекари.

– Апелирам и кон своите колеги, да направиме правилна тријажа, со цел да им дадеме предност на оние, на кои навистина магнетната резонанца им е неопходна. Во тој случај, ние би биле и далеку поефикасни, изјави д-р Гордана Антулеска – Белческа, директор на Универзитетски институт за радиологија

И министерот за здравство е запознаен дека нема термини на Радиологија. Најави контроли и заострување на критериумите за магнетна резонанца.

– Заедно со директорите на радиологија, ќе ги заостриме критериуми, работиме во оваа насока како и во сите други насоки. Тоа што ви кажав на почеток дека веќе работиме навистина интензивно и тоа ќе биде новитет и реалност, таа централизација на радиологија што ја кажавме, но, навистина ни треба време за овие работи, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

Денеска на Радиологија беше промовиран нов дигитален рентген апарат за снимања на деца. На овој апарат може да се дијагностицираат повеќе заболувања.

Извор. https://sitel.com.mk/pacienti-so-nedeli-chekaat-rezultati-od-radiologija

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.