Пендаровски во еднодневна посета на Пустец и Поградец

news
Advertisement

На покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, претседателот и неговата сопруга ќе ги посетат општините Пустец и Поградец со доминантно македонско население
Шефот на државата Стево Пендаровски во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Албанија, на покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај.

Advertisement

Претседателот ќе ги посети општините Пустец и Поградец со доминантно македонско население. Во Пустец, Пендаровски ќе биде пречекан од својот албански колега Бегај и од градоначалникот Пали Колефски, по што ќе следува кратка културно-уметничка програма во изведба на локални уметници.

Следно на агендата на претседателот ќе биде средба со локалните власти и посета на црквата „Свети Архангел Михаил“, како и посета на училиштето во Пустец. Ќе следи заедничка изјава за медиуми на двајцата претседатели.

Шефот на државата ќе го посети и селото Голомбок, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации. Во Пустец, Пендаровски ќе се сретне и со претставници на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, по што заминува за Поградец каде што исто така ќе има средба со локалните власти.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.