Пендаровски: И во постојниот закон има член со кој може да се преиспита работата на здруженијата

news
Advertisement

Новиот закон за здруженија и фондации ќе го реши проблемот за во иднина, но за веќе регистрираните здруженија со контроверзни имиња, шефот на државата наведува дека нивната работа може да се преиспита и според актуелниот закон
Претседателот Стево Пендаровски, во изјава за Сител ТВ, зборувајќи за регистрацијата на бугарски здруженија со контроверзни имиња на историски личности, наведе дека не е случајност што тие се истакнуваат во период кога Северна Македонија почнува скрининг процес.

Advertisement

„Јасно е дека се работи за интенција од страна на Бугарите кои живеат во Северна Македонија. Инаку, некои од здруженијата се формирани пред три години, последното е формирано пред една година и не е возможно кога ние почнуваме скрининг процес и отвораме процес на преговори после 17 години, тоа да биде случајно“,

рече Пендаровски.
Околу тоа како да се реши овој проблем, за што владата најави дека ќе се донесе нов закон за здруженија и фондација, претседателот потсетува дека тоа ќе го реши проблемот за во иднина, но за веќе регистрираните здруженија, повикувајќи се на изјави на правни експерти, наведува дека нивната работа може да се преиспита и со постојниот закон.

„Јас пред три месеци ако паметите, предложив да се донесат амандмани на постојниот закон и гледам дека владата кон крајот на месецот најавува дека ќе има такво нешто. Меѓутоа, тоа ќе го реши проблемот од тој момент па натаму. Што со постојниот? Има истакнати правни експерти, како што е професорот Давитновски, кои тврдат дека и врз основа на постојниот закон има член кој може да ја преиспита работата на постојните здруженија ако тие не работат во насока на она што го декларирале или една од тие основи е ако разгоруваат национална или верска омраза или нетрпеливост“,

рече Пендаровски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.