Пендаровски: Прашањето на Левица за референдумот е збунувачко и нејасно за граѓаните

news
Advertisement

– Прв ќе излезам на гласање на евентуален референдум и тоа изутрината во 7 часот на гласачките места доколку прашањето гласи: „Дали сте за тоа Северна Македонија да стане членка на Европската унија?“, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Слободен печат“.

Advertisement

Партијата Левица денеска до архивата во Собранието го достави барањето за спроведување задолжителен референдум на државно ниво, на кој, доколку се одржи, граѓаните би одговарале на прашањето „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година“. Пендаровски во интервју за „Слободен печат“ за иницијативата оценува дека тоа е збунувачко и нејасно. – Прашањето кое Левица сака да го употреби во референдумското изјаснување е збунувачко и нејасно за граѓаните. Истото го повторувам периодов кога станува збор за референдум и кога ваква слична иницијатива поднесе и ВМРО-ДПМНЕ. Против сум вакви прашања кои сега Левица ги пласира во кои содржат збунувачка содржина, вели Пендаровски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.