Advertisement
Шефот на државата, Стево Пендаровски вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека сила Бога не моли, а ние сме мала држава. Тој говореше за преговорите со Европската Унија(ЕУ) и тоа дека земјава и натаму ќе чека.
Advertisement
Тој го коментираше фактот дека Украина и Молдавија почнаа преговори. Прашува како ЕУ би правела скрининг во Донбас на пример. Германскиот канцелар Олаф Шолц го прати унгарскиот премиер Виктор Орбан на кафе, а Украина доби старт на преговори, но Пендаровски рече дека очигледно за Македонија не сакале да го направат исто.
„Бугарија го потроши својот политички капитал во Европа“, рече претседателот.
Тој вели дека едно време, ЕУ не се занимаваше толку со Бугарија.
Advertisement